Министрите на НАТО: Израел има право да се брани, заштитата на цивилите е од клучно значење

од Vladimir Zorba
257 прегледи

Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел на вториот ден од самитот разговараа и за конфликтот меѓу Израел и Хамас и му понудија поддршка на Израел, а истовремено остро ги осудија нападите на Хамас врз цивилите.

Министрите повикаа и на итно ослободување на сите заложници, се наведува во соопштението на веб-страницата на НАТО. Учесниците на самитот заклучија дека Израел има право да се брани, и дека заштитата на цивилите е од суштинско значење.

„Ниту една нација или организација што е непријател на Израел не треба да се обидува да ја искористи оваа ситуација или да го ескалира конфликтот“, се вели во заклучоците.

Слични содржини