34
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот на одбрана Владо Мисајловски и директорот на ЦУК – Стојанче Ангелов се на терен во Неготино, каде веќе петти ден беснее големиот пожар кој ја зафати и планината Серта.
Заедно со нив се кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, и неготинскиот д-р Горан Стојанов.
Додека трае акцијата за локализирање и гасење на пожарот, тие извршиле увид на терен и имале координативен состанок за ставање на огнената стихија под контрола.
Пожарот се гаси во два ер трактори и со три хеликоптери. Се интевренира и од копно, и влкучени се бројни екипи.