Министрите за надворешни работи на ЕУ начелно се согласија да додадат околу 200 лица и организации од Русија на листата на санкционирани, но новиот пакет санкции на ЕУ се уште не е усвоен, потврди синоќа еврокомесарот за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел .
„Она што веќе го одобривме се индивидуални санкции за околу 200 нови поединци и организации, кои тешко ќе го погодат рускиот одбранбен сектор и армијата, како и оние кои се на власт во руската влада, во Думата, во Советот на Федерацијата и во судството“, рече Борел, пренесе „Ројтерс“.
Според него, санкциите биле насочени кон оние „одговорни за грабежот на украинското жито и депортацијата на украинските граѓани, особено децата“.