Министрите за одбрана на Г7 ја поддржаа мисијата УНИФИЛ во Либан

од Илинка Илиоска
28 прегледи

Министрите за одбрана на земјите од Г7 денеска во заедничка завршна декларација изразија загриженост за ризикот од натамошна ескалација во Либан и ја изразија својата поддршка за мисијата УНИФИЛ во таа земја.

„Ја изразуваме нашата загриженост за сите закани за безбедноста на УНИФИЛ. Безбедноста на мировниците е должност на сите страни во конфликтот. Исто така, ја повторуваме важноста на поддршката на УНИФИЛ и на либанските вооружени сили во нивната улога за обезбедување на стабилноста и безбедноста на Либан“, се наведува во декларацијата.

Италијанскиот министер за одбрана Гидо Крозето на прес-конференција изјави дека Г7 силно ја поддржува потребата од итен прекин на огнот, ослободување на сите заложници и значително зголемување на протокот на хуманитарна помош за цивилното население, пренесува Анса.

Слични содржини