Пратеникот од редовите на СДСМ Панчо Минов во емисијата 24 анализа на тв24 истакна дека предлагачите на овој закон што предизвика протест имаа некоја идеја од типот дека буџетот финансира категории на корисници кои се во состојба на примања од родителите и не може да го одржат стандардот.
– Таа идеја како реакција кај студентите не се прифати и тоа е генерална определба за сите корисници на буџетот. Ние како пратеничко мнозинство го прифативме регирање и се раководевме по нивните барања и интереси. Тие бараа да остане стариот износ од 120 денари и да важи за сите и тоа е прифатено. Добро е решението со претставниците на студентите да се најде системско решение. Тоа задолжително да го следи порастот на трошоците. – рече Минов.