Минск: Армијата ја проверува опремата и вооружувањето за да се увери дека е подготвена за борба

од Stefanija Kuzmanovska
278 прегледи

Белоруската армија почна да го проверува оружјето и логистичката опрема за да се увери дека се подготвени за борбена употреба, соопшти денеска белоруското министерство за одбрана.

„Инспекцијата ќе ја утврди состојбата на опремата и нејзината подготвеност за извршување на задачите“, се наведува во соопштението, пренесува „Ројтерс“.

Во соопштението се наведува дека „армијата врши проверка на опремата што се наоѓа во објектите за долгорочно складирање“, што значи дека ја проверува целата опрема со која располага, наведува британската агенција.

Слични содржини