Минск го повлекува амбасадорот од Лондон

од Stefanija Kuzmanovska
195 прегледи

Портпаролот на белоруското министерство за надворешни работи, Анатолиј Глаз, денеска изјави дека Минск го повлекол својот амбасадор од Велика Британија поради бројните непријателски чекори што ги презема Лондон.

„Поради бројните непријателски чекори на Лондон, систематски насочени кон нанесување максимална штета на белоруските граѓани и субјекти, решивме да ја спуштиме нашата дипломатска мисија во Лондон на ниво на вршител на работи“, рече Глаз, пренесува ТАСС.

Тој нагласи дека повлекувањето на амбасадорот не значи дека Минск ќе ги затвори каналите за комуникација со Лондон.

„Кога ќе заврши актуелната внатрешна шоу програма во Британија и кога ќе се појават одговорни луѓе во британската влада, кои нема да работат само за сопствена корист, туку за доброто на британскиот народ и стабилноста во европскиот регион, ќе има предуслови да се обнови дијалогот и целосното дипломатско присуство“, додаде тој.

Слични содржини