Пред две години започна ненајавена руско-украинска војна. Таа продолжува и може да се изострува уште повеќе – барем додека Путин е на власт. Мир со Украина може да има само по него, тврди DW.
Започнатата пред две години ненајавена руско-украинска војна продолжува и денес. Русија така и не се помири со украинската независност. И откако не им успеа по мирен пат Украина ја претворат во свој вазал преку подредениот на Кремњ-Јанукович , Москва прибегна кон безбедносни методи и со откина слаткиот Кримски залак. Се што се случи потоа, зборува за едно: дека уништувањето на единствената и независна украинска држава останува трајна цел на Путиновата политика. Оваа задача ги одредува активностите на руските власти како во воената конфронтација со Украина, така и во преговорите со неа за мирно решавање на конфликтот во Донбас.
По освојувањето дојде опсадата
Во последните две години, сепак тактиката за постигнување на таа цел се промени. Во почетокот беше направен обид за заземање на украинската држава. Искуство, кое стана познат под името “Новорусија”. Руските власти се обидоа да внесат раскол во Украина и рускојазичните формации во југоисточниот проруски простор. Како резултат на тоа Кремљ успеа да совлада само делови од Луганската и Доњецката област. По неуспехот на освојувањето Москва премина кон опсада по сите правила на воената уметност. Таа го зголеми воено-политичкиот притисок врз својот западен сосед, додека се обидува да ги постави Донецката и Луганската народна република како “тројански коњ” во Украина преку преговорите во Минск.
Николиќ: Србија нема намера да се приклучи кон никаков воен сојуз
Според руската замисла, Луганската и Донецкат област треба да останат под целосна контрола на Кремљ, но истовремено да се брои кон украинска територија, да живеат на сметка на Киев и да имаат транспарентна границата со Украина, останувајќи извор на постојана политичка нестабилност во земјата. Украинскиот претседател Петро Порошенко едвај ќе се согласи на таква опција, но од друга страна тој не може да го реши проблемот со воени средства. Затоа и залудниит преговорачки процес може да пропадне. Путиновата опсада на Украина се потпира на појавата на нов внатрешен конфликт во земјата. Тогаш Кремљ, со помош на своите енклави, ќе се потруди да ја тргне украинско влада и да постави на некој место некој Јанукович 2.
Кога Русија ќе се повлече од Донбас?
Федералната канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд се обидуваат да ја убедат Русија да се повлече од Донбас. Овој повик се содржи во суштина и во последната изјава на лидерите на групата Г-7. Во сегашната ситуација, сепак не е можен таков пресврт. Путин не само што не сака, но и не може да ја врати назад Донбаската шаховска партија. Во таков случај тој би бил принуден да го признае неуспехот на авантурата “Новорусија”. Путин сепак не може да си дозволи загуба, бидејќи тоа би го уништил неговиот имиџ на победник, на кој се крепи и високиот рејтинг.
Освојувачите ќе се повлечат од ѕидовите на опсадата на градот само ако кај нив се јавуваат сериозни внатрешни проблеми. Путин може да се повлече од Украина само како резултат на економската криза и на политичката ситуација во Русија. Сега Кремљ се обидува со сите сили за укинување на санкциите, но само со цел да задржи ресурси за продолжување на великодржавничкиот курс, кој веќе стана официјална стратегија на Русија. А Минскиот преговарачки процес му служи како дипломатско покритие за континуираната опсада на украинската независност.
Новиот патриотска бран во Украина
Најверојатно ослободената од рускиот затвор Надежда Савченко ќе стане новата историска фигура на украинската политичка сцена. Многу Украинци се воодушевени од нејзиниот херојско-романтичен патриотизам. Тие никогаш нема да ги заборават окупираните територии и жртвите на руската агресија. Савченко би можела да го предводи новото патриотско движење во политиката за враќање на окупираните територии. Засега Украина нема сили да го одвојува завземеното, но нема сомнеж дека порано или подоцна таа “ќе го побара своето”.
Сегашната ситуација “ниту мир, ниту активна војна” не може да трае бесконечно. Порано или подоцна мора да се преврти во едната или во другата насока. Но, додека Путин е на власт, длабоките причини за сегашната руско-украинска конфронтација не можат да бидат надминати: де факто Русија нема да се повлече од Донбас и нема ни да се обиде да се договори со Украина по Кримскиот проблем. А тоа значи дека има многу голема веројатност војната да ескалира порано или подоцна. Само Русија по Путин може да воспостави траен мир со Украина.
