Тајната поврзана со таткото на синот на ѕвездата од „Секс и градот“, која осум години ја интригираше јавноста, конечно е откриена.
Синтија Никсон, која во познатата серија ја игра адвокатката Миранда Хобс, пред осум години стана мајка на Макс, дете кое го роди нејзината сопруга Кристина Маринони, a деновиве со една објава на Инстаграм, конечно го откри идентитетот на таткото – нејзиниот костимограф Мајкл Гоулер.
„Кога татко ти е костимограф, а ти отсекогаш сакаш да бидеш Пенивајс“ – напиша 53 годипната актерка под фотографијата на која Гоулер,на нивниот син Макс, му прави костим за Ноќ на вештерките.
Актерката и костимографот се познават повеќе од десет години, а пријателството го започнаа кога заедно работеа на претставата „Зајачка дупка“, за која актерката беше наградена со награда „Томи“. Таа соработка продолжи со соработка на двата филма “Секс и градот“, а пред две години се вратија на театарот каде соработуваа за представата „Мали лисици“.
Гоулер е во брак со 60 годишниот актер Вилијам Боусер, кој Синтија исто така го вика „татко на Макс“.
Синтија и синдикалната активистка Кристин ја започнаа врската во 2004 година, а во 2009 се свршија. Пред нејзе Синтија беше 15 години во врска со Дени Моузес, со кој ги има ќерката Саманта и синот Чарлс. Ќерка ѝ во 2018 година го смени полот и стана Семјуел Џозеф Моузес.