Мирчевски: Срамната одлука на Уставниот суд е признание за изборниот грабеж

од Vladimir Zorba
136 прегледи

Претседателот на комисијата за животна средина и просторно планирање на СДСМ Пеце Мирчевски се сретна со жителите на Ерџелија и Свети Николе со кои разговараше за локалните проблеми, актуелната политичка состојба и мерките од програмата на СДСМ.Mircevski

Тој се осврна на денешните случувања околу избирачкиот список и одлуките на Уставниот суд.

– Бројките кои денес ги слушна јавноста, дека половина милион имиња и презимиња треба да се проверат, само ги потврдија нашите тврдења за изборните криминали што ги правеле Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Срамната одлука на Уставниот суд е признание на изборниот грабеж и длабока поврзаност со криминалот и корупцијата на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Затоа, ништо нема да го спаси Груевски од одговорноста за криминалот – рече Мирчевски.

Граѓаните се пожалија на мизерните услови за живот и огромната невработеност кај младите.

– Нашата програма има мерки за отворање на нови работни места за младите со достоинствени плати. Субвенциите во земјоделството ќе бидат зголемени на 160 милиони евра, ќе бидат навремени и за вистинските земјоделци. СДСМ е за европска Македонија. СДСМ е за достоинствен живот на секој граѓанин. Промените ги започнавме заедно и заедно ќе ги водиме до крај. Заедно со вас, граѓаните на Република Македонија ќе изградиме подобро општество за сите – рече Мирчевски.