Мирен протест против пресудите во случајот „Монструм“: Толпата побара ослободување на приведените и повторно судење

Поради незадоволство на пресудите во случајот „Монструм“, денес повторно беше оддржан протест и меѓу ослободителната пресудата, масата граѓани побараа и правда за приведените од претходно оддржаниот протест кој беше насилен.

Во рамки на барањата, толпата бара повторно судење за случајот „Монструм“, но овојпат следено од страна на меѓународни судии и обвинители.

Бедри Ајдари од Иницијатигвата за организирање на протестот, во обраќањето побара во земјата да се практикуваат принципите на европското судство, при што, како што нагласи, нема да се прави дискриминација на обвинетите по етничка основа.

За потсетување, за петкратното убиство кај Смилковското Езеро, Судот на 23. февруари годинава во повторената постапка ги прогласи за виновни и им одреди доживотни казни затвор на обвинетите Халил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, единствена казна затвор од 15 години одреди за Фејзи Азири и единствена казна затвор од девет години за Хаки Азири.

Слични содржини