Мирјана која во еден миг ги загуби трите деца и сопругот во сообраќајка: Возеше кон нас како да сакаше да нè убие

од Milan1
103 прегледи

Едвај ме извлекоа од колата. Бев под камионот повеќе од еден час. Камо среќа да не ме извлечеа. Вака низ солзи зборува Мирјана Лазовиќ, сопругата на Данијел Лазовиќ, кој вчера со трите деца и сосетката загинаа во тешката сообраќајна несреќа кај Ушче, во Србија.

Таа за српски „Информер“ раскажала како дошло до страшната трагедија.

Тој војник во возилото доаѓаше право кон нас, како да сакаше да не убие. Сопругот се обиде да го избегне, но не можеше. Се шеташе на сред улица. Не знам дали заспал или бил пијан, ми ги уби трите деца. Ми го уби целото семејство! Ако има правда, никогаш не треба да излезе од затвор, го проколнува Мирјана, возачот на военото оклопно возило.

Таа на своја одговорност денеска ја напуштила болницата, а вистинско чудо е како ја преживеала страшна несреќа кога оклопно возило на Армијата го престигнало конвојот и удрило во нивниот „форд“.

Страшна сообраќајна несреќа се случи кај Ушќе кога автомобил се судри со возило на војската на Србија. Единствена преживеана од автомобилот е Мирјана Лазовиќ (32).

Загинаа другите членови од нејзиното семејство, нејзиниот сопруг Данијел и трите деца, како и нејзината сосетка Дијана К.(27).

Возачот на оклопното возило имал повеќе од 0,2 промили алкохол во крвта, што е спротивно на правилата на Вооружените сили на Србија, кои наложуваат нулта толеранција на алкохол за припадниците на војската.

Поради постоење основи на сомнение дека сторил тешко кривично дело против безбедноста на јавниот превоз, на М.В. му е одреден притвор.

 

Слични содржини