Мирни собири на поддржувачите на ГДОМ во повеќе градови во Македонија

од desk3
93 прегледи

Кризата мора да заврши и мора да одиме на избори на 5 јуни порачаа денеска граѓаните од собирите организирани од Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) во Прилеп, Битола, Кичево, Велес, Ресен, Радовиш, Валандово и Делчево.

Поддржувачите на ГДОМ по трет пат пред пред Спомен-куќата-Музејот на Татарчеви во Ресен ги повторија веќе познатите барања за избори на 5 јуни.

gdom

– Пред куќата на Татарчеви преспанци повторно ја изразија цврстата определба дека изборите се единствен начин за искажување на вољата на граѓаните и завршеток на оваа наметната политичка криза во Република Македонија. Се собравме овде против разнебитувањето на македонскиот народ, истакна Гоце Соколевски активист на ГДОМ.

Тони Чатлески, член на ГДОМ во Прилеп изјави дека граѓаните порачуваат дека Македонија ќе се штити со разум, мудрост и патриотизам.

Граѓаните во Велес и во Радовиш со транспаренти „За Македонија се работи“ побараа избори на 5 јуни.

Упатувајќи порака „За Македонија се работи“, голем број битолчани и денеска ја дадоа својата поддршка за ГДОМ одржувајќи мирен собир.

„Делчево будно за одбрана на Македонија“ е пораката која жителите од овој град вечерва ја испратија давајќи поддршка на Граѓанското движење за одбрана на Македонија.

– Демократијата и правото на глас не смеат да бидат суспендирани од никого. Граѓаните мора самите да одлучуваат за сопствената иднина и тоа мора да го сторат единствено на избори. Не сакаме друг начин, не сакаме друго деструктивно сценарио кое некој овде решил да го спроведува. Никој друг нема право ниту да одлучува во име на народот освен самиот народ. Избори мора да има и на нив Македонија ќе победи!, соопштуваат од ГДОМ./МИА