Мировник на ОН повреден во минофрлачки напад на границата со Либан

од Radmila Tasevska
208 прегледи

Мировник на ОН стациониран во Либан е повреден од минофрлачки оган, соопштија денеска привремените сили на Обединетите нации во јужен Либан (УНИФИЛ), јави ДПА.

Инцидентот се случил вчеравечер во близина на селото Хула во источниот дел на пограничниот регион меѓу Либан и Израел, се вели во соопштението.

Како што наведува германската агенција, не е јасно кој е одговорен за нападот. Мировникот е евакуиран на лекување. УНИФИЛ соопшти дека е погодено и неговото седиште во Накура.

-Силно ги повикуваме сите страни вклучени во конфликтот веднаш да го прекинат огнот. Нападот на мировниците на ОН е злосторство, кршење на меѓународното право и мора да биде осудено, наведоа од УНИФИЛ.

Од почетокот на војната во Газа има сè пожестоки конфронтации на границата меѓу Израел и Либан, што доведе до жртви на двете страни. Моќната милитантна група Хезболах поддржана од Иран и израелските сили извршија напади што доведоа до жртви на двете страни.

Слични содржини