„Мис Универзум 2022“ одговори на критиките за тежината: „Обликот на вашиот ум е поважен од обликот на вашето тело“

од Vladimir Zorba
414 прегледи

Постои верување дека ако жената е прогласена за кралица на убавината, таа речиси нужно ќе мора да ја брани својата титула до крајот на животот, одржувајќи совршен изглед, достоен за нејзината престижна круна. Сепак, ова гледиште е погрешно, бидејќи како и сите други познати личности кои се прославиле на овој или оној начин, дамите кои го освоиле првото место на било кој натпревар за привлечност се само луѓе… И како такви, далеку од тоа дека се осигурани од промени во нивниот изглед, кој може да се појави поради повеќе причини кои се надвор од нивна контрола.

Како што е случајот со актуелната „Мис Универзум“ Харназ Сандху, која долго време се соочува со немилосрдни критики од голем број медиуми кои влијаеле врз корисниците на сајбер просторот, обвинувајќи ја за вишокот килограми што ги добила од победата минатиот декември.

Неодамна, сепак, Индијката реши да ја расветли ситуацијата откривајќи ја вистината за неа на социјалните мрежи, споделувајќи дека се соочува со здравствен проблем одговорен за дебелеењето. Користејќи го својот профил на Твитер, кој има речиси 50.000 следбеници, боливудската ѕвезда призна дека има нетолеранција на глутен, состојба која сериозно влијаеше на нејзината исхрана во последните месеци.

„Околу 10-30% од светската популација страда од алергии на храна. Имам алергија на глутен која е честа и погодува голем дел од луѓето ширум светот. Може да се справи само со елиминирање на неколку групи на храна во исхраната“, напиша моделот.

Ден претходно, убавицата реши да се придружи на коментарите на луѓето кои се расправаат за нејзината фигура на Интернет.

„Обликот на вашиот ум е поважен од обликот на вашето тело“, категорично рече таа, објавувајќи фотографија на која позира пред фото објективот облечена во краток фустан со длабоко V-деколте.

Потоа, за време на интервју за Press Trust of India, Санду ја коментираше својата алергија на глутен, која во медицината е позната и како целијачна болест. Оваа состојба е имунолошки одговор на протеинот што се наоѓа во пченицата, јачменот и ‘ржта.

„Јас сум една од оние жени кои биле малтретирани прво затоа што биле „премногу слаби“, а потоа затоа што биле „дебели“, рекла таа.

Додава дека нејзината фигура претрпе многу промени поради нејзините постојани патувања. „Кога одите на ново место, гледате промени во вашето тело. Тоа го забележав кога првпат отидов во Њујорк… Тоа е сосема поинаков свет“.

„Во „Мис Универзум“ ја допираме темата за прифаќање на сопственото тело какво што е. Сега, поминувајќи низ оваа трансформација, се соочувам со неодобрување на многумина, но тоа не ми е проблем, бидејќи знам дека во исто време им давам сила на луѓето во мојата ситуација, велејќи им дека ако јас се чувствувам добро во мојата кожа, можат и тие“, рече Харназ.

Ако мислите дека сум најубавата девојка и затоа ја освоив Мис Универзум, се лажете. Можеби не сум најубава, но сигурно сум една од најхрабрите и најсамоуверените жени, искрено верувавјќи во тоа, дека нема разлика дали се дебели, или слаби, се додека се сакаат. Ова е најважното нешто. Ако се соочувате со предизвици во животот, треба да бидете благодарни, бидејќи тоа значи дека ако успеете да ги надминете, тогаш после нив доаѓа нешто добро“, додаде таа.