Мисајловски: Уставни измени нема да има бидејќи нема мнозинство

од Nikola Popovski
217 прегледи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски вечерва говореше за евентуалните уставни измени и дали неговата партија ќе го поддржи отворањето на Уставот и внесување на Бугарите во Преамбулата.

-Партиите на Албанците како Беса и АА поминаа во оваа Влада на СДСМ и ДУИ и видоа дека со нив не може да се функционира. Сега за уставните измени и Касами рече дека нема да гласаат. За уставни измени најлегитимно е да се побара доверба од граѓаните и тие требаше уште на претходните избори да го објаснат тоа, а не вака целиот народ да биде огорчен. Уставни измени нема да има бидејќи немаат мнозинство, имаат и проблем внатре во пратеничката група на СДСМ, а и во помалите коалициски партии кои јасно кажаа дека нема да гласаат, посочи Мисајловски вo гостување во емисијата „Што не е јасно“.

Во врска со изјавите на премиерот Димитар Ковачевски кој денеска изјави дека не подлегнува на закани и уцени во однос на условувањата на БЕСА за предвремени избори, Мисајловски истакна дека „барањата од народот не може да бидат закани, туку легитимно право за подобар живот, подобри мерки, излез од кризата“.

Слични содржини