Мисајловски: Да му се згади на човек од тоа што зборувале порано некои политичари, а што правеле потоа

од Stefanija Kuzmanovska
130 прегледи

Владо Мисајловски во дебатата за разрешување на министрите од редовите на Алтернативата рече дека многу лицемерство се чуло деновиве, а според него, ова е една од најлицемерните влади.

Да му се згади на човек, посочи, од тоа што зборувале порано некои политичари, а што правеле потоа.

„И вие од Алтернативата бевте гума за спасување. Погрешивте и заминавте. Таравари рече никогаш со криминалци не можеш да се бориш со криминалот, а сега заедно ќе бидете во таа Влада. Секој треба да види што може да му се случи кога ќе влезе во коалиција со СДСМ, ќе биде излажан и избркан. Ова е лицемерство. Нема да опстои оваа Влада поради реформите. Се надевам дека ниедна албанска партија повеќе нема да ѝ биде резервна гума на ДУИ“, рече Мисајловски.

Слични содржини