„Денеска официјално ја поднесовме интерпелацијата во Собранието, ја најавивме пред неколку дена, а веќе се потпишавме најголем дел на пратениците. Регуларната форма што треба е запазена и сега е на ред Талат Џафери да ја започне таа седница. Сите опозициски партии се против Џафери да остане претседател на Собранието. Но, овој пат се решивме кој сака да се потпише и е добредојден. Решивме секој кој што мисли дека треба да биде против Талат Џафери добредојден е на седницата која што ќе биде закажана и нека си го каже својот глас. Знаете зошто? Талат Џафери не не срами само нас ВМРО-ДПМНЕ, Талат Џафери ја срами цела Македонија“, истакна Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во централниот дневник на Сител телевизија.
Мисајловски посочи дека на пример денеска имаше пет седници и се скокаа точките на Дневен ред, граѓаните не знаат која точка односно кој предлог на закон се разгледува во Собранието.
„ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во Собранието, еве им порачувам ќе бидеме таму и ќе се јавуваме постојано повеќе пратеници за да објаснуваме се на граѓаните“, порача Мисајловски.
Мисајловски укажа дека доколку Талат Џафери својата интерпелација си ја стави во фиока тоа само ќе докаже колку демократија владее.
„Талат Џафери и да не ја отвори интерпелацијата ние секој ден ќе потсетуваме што тој направи, што прави и што правел. Ние сме свесни како партија дека цела пратеничка група на СДСМ, на ДУИ и на сите останати ќе го бранат Талат Џафери од петни жили, а знаеме и зошто. За да останат заедно гушнати во власта, бидејќи еден да падне од ДУИ, паѓа целата влада“, рече Мисајловски.