Мисајловски: Кандидатите за локалните избори ќе бидат солидни, чесни луѓе што си ја сакаат општината

од Берта Китинска
494 прегледи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски  во изјава за Утрински брифинг вели дека партијата не ги менуваме боите, туку спектарот на бои во еден колорит кој се шири со цел секој да може да се пронајде во ВМРО-ДПМНЕ.

-Сакаме да покажеме еден спектар каде што секој може да се пронајде. Моментално опозициското размислување во државата е најголемо. Граѓаните бараат промени по скоро сите прашања. Нудиме рака, нудиме стратегија каде не само што ќе понудиме нови проекти и идеји за локалните избори, туку и рака на сите опозициски партии, но и на сите оние кои делуваат како невладини, синдикати, имаат различно мислење, вели тој.

На прашањето за последнат анкета на ИРИ, Мисајловски вели дека ја почитува, но потребно е да се видат сите детали.

-Од сега до почетокот на локалните избори многу работи може да се сменат. Правиме и други анкети и слободно можам да кажам дека не само што води ВМРО-ДПМНЕ, туку погрешните политики на СДСМ ги препознаваат сите граѓани. Ние ќе понудиме решавање на проблемите на граѓаните. Кандидатите што ќе ги предложиме ќе бидат солидни, чесни луѓе што си ја сакаат општината – тврди Мисајловски.

Слични содржини