Мисајловски на состанок на контакт-групата за Украина, за првпат е под водство на Британија

од Milan1
13 прегледи

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Брисел во рамки на предвидените состаноци на министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО, учествуваше на состанокот на Контакт групата за Украина, кој за првпат се реализира под водство на Обединетото Кралство.

На состанокот предводен од секретарот за одбрана на Обединетото Кралство, Џон Хили, на кој учествуваа министри и високи претставници на 50-тина земји, генералниот секретар на НАТО Марк Руте како и високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Каја Калас, фокус беше поддршката на Украина.

„Од започнувањето на агресијата врз Украина, македонската Влада досега има донесено 15 (петнаесет) одлуки за хуманитарна и воено-техничка помош и поддршка на Украина и украинскиот народ како земја која ја брани својата независност и територијален суверенитет и во континуитет се залага за почитување на меѓународното право и правен поредок“, се вели во соопштението од МО.

Престојот во Брисел продолжува и утре со состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво министри за одбрана и состанокот на Советот НАТО- Украина.

Слични содржини