„Не треба да има бојкот на локалните избори, за тоа што јас сум убеден дека ќе имаме многу победи во многу градови во Македонија. И убеден сум во победата на ВМРО-ДПМНЕ и расположението е такво“, изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во централниот дневник на Сител телевизија.
Мисајловски додаде дека имаме 100 дена најлоша власт и дека со вакво темпо оваа Влада нема повторно да ја добие довербата од граѓаните.
„Е, сега прашањето е дали граѓаните на мене повторно ќе ми ја дадат довербата. Одговорот е да. Ќе ми ја дадат довербата, ама знаете кога? Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе даде програма и ќе биде убедлива на овие избори и кога ќе победи. Само тогаш народот ќе се свести дека ВМРО-ДПМНЕ е подобра“, истакна Мисајловски.
Мисајловски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе на терен и ќе работи со граѓаните.
„Ексклузивно за брзо време, наредната недела ќе седнат работни групи да се договорат за изборниот законик и за тие други теми. Ние имаме барање локалните избори да бидат во еден изборен круг. Но сето тоа ќе биде тогаш ставено на маса како во пакет за разговори“, нагласи Мисајловски.