По промената на власта во април, најголемата општина во Република Македонија, убавото Куманово ќе го добие заслуженото внимание од новата влада која ќе биде предводена од ВМРО – ДПМНЕ, напиша на својот Фејсбук профил потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
Неспособноста на СДСМ е највоочлива тука, каде што со години ја држат локалната власт, а особено во последните три години кога и централната власт е предводена од СДСМ.
Дури и кога владата ја предводи нивни сограѓанин, кумановци не може да се израдуваат со инвестиција од централната власт. Обновата на Македонија ќе стигне и тука, каде што потребата од промени и многу работа е неопходна. Проектите, мерките и инвестициите во сите области ќе бидат императив за владата.
Куманово ќе биде во фокусот на новата влада и таа ќе биде сериозен партнер на граѓаните од оваа општина, пишува Мисајловски.
Публикувахте от Vlado Misajlovski в Петък, 7 февруари 2020 г.