Мисајловски се сретна со британската претставничка за Западен Балкан: Силна соработка за посигурен регион

од desk4
54 прегледи

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска се сретна со новата специјална претставничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Дама Карен Пирс. На средбата присуствуваа и британскиот амбасадор Метју Лосон и одбранбеното аташе, потполковник Едвард Џон Грин.

Мисајловски ѝ честиташе на Пирс за новата функција и изрази благодарност за поддршката што Велика Британија ѝ ја дава на македонската Армија. Тој нагласи дека соработката меѓу двете армии е силна и придонесува за посигурна безбедност во регионот.