Мисајловски: Сериозно треба да се истражи дали Мицкоски бил следен со дронови

од Milan1
27 прегледи

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, рече дека институциите сериозно треба да ги испитаат индициите за следење на премиерот Христијан Мицкоски, кој во Собранието обелодени дека бил следен од власта со дронови додека бил во опозиција.

– Ја имавме првата конститутивна седница на Советот за безбедност, каде што можевме да ги слушнеме моменталните состојби во Македонија и пошироко, имаа излагања и АНБ, и Генералштабот. Безбедносната ситуација во Македонија е стабилна, но треба да водиме сметка за многу повратници од жаришта, и за протекување многу доверливи информации меѓу службите. Особено онаа информација која протече дека премиерот го следеле додека бил претседател на опозицијата, но и многу лица од опозицијата, и тоа мора да се истражи – рече Мисајловски вечерва во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

Слични содржини