Мисајловски: Во случај да падне Џафери, паѓа Владата

од Берта Китинска
278 прегледи

Ги покажавме сите причини за интерпелацијата, веќе почнавме да собираме потписи, следната недела ќе биде поднесена и се надеваме дека ќе почне процедурата во Собранието, бидејќи некои интерпелации завршија во фиоки, изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.

-Немаше интерпелација за Љубчо Николовски, за Маричиќ, никогаш не беа отворени. А, верувајте Талат мисли дека тој е Деловникот. Толку се преценува што мисли дека го напишал Деловникот, дека може сè. Можеби оваа интерпелација никогаш нема да го види денот за дебата, но да видиме, се надеваме дека ќе се дебатира. Честопати сме зборувале дека ова нема да успее, знаете зошто – во случај да падне Талат Џафери, паѓа Владата, изјави Мисајловски.

Слични содржини