Мисајловски: Време е и Македонија да има документ со црвени линии за македонскиот идентитет и јазик

од Vladimir Zorba
318 прегледи

„Да немаше идентитетски барања за повторно редефинирање на македонскиот народен идентитет и јазик немаше ниту да има блокада од страна на Бугарија. Блокадата од Бугарија не е заради економската, еколошката, здравствената или земјоделската политика на Македонија, туку заради нивните барања да не се признава постоење на македонскиот национален и јазичен идентитет и континуитет пред 1944 година. Блокадата е заради јасно дефинирање на барање на Бугарија во нивната државна надворешна политика, утврдена во нивното Собрание“, вели денеска Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.

„По логиката на Заев, Бугарија смее и треба да има своја државна резолуција за Македонија, а Македонија не смее и не треба да има државна резолуција за нашата Македонија. Собранието е највисок државен орган кој единствено го има правото да ги утврди насоките во надворешната политика. Бегањето од јавноста во утврдување на националните и државни позиции и бегањето од Собранието, јасно зборува за спремноста на Зоран Заев да нуди, да тргува и да отстапува токму за она што го бара Бугарија.

Секојдневни станаа изјавите, барањата и позициите на Бугарија кои навлегуваат во континуитетот, засебноста и сувереноста на македонскиот етнички и јазичен идентитет. Резолуцијата која ја нудиме е одговор на блокадата, одговор на негирањата и одговор на лошите политики кон Македонија“, посочува тој.

Слични содржини