Мисајловски: Задолжителниот воен рок е добар за младиот дух, но не е приоритет на Владата

од Илинка Илиоска
66 прегледи

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, ја оцени како „одлична за размислување“ идејата за враќање на задолжителниот воен рок, но нагласи дека Владата во овој момент не разгледува таква можност. Мисајловски посочи дека пред да се дискутира за оваа опција, потребно е да се направи детална анализа на безбедносните предизвици и состојби од страна на Генералштабот и другите безбедносни структури.

„Лично сметам дека секој млад човек треба да помине еден дел од животот на овој начин, бидејќи тоа го прави посилна и постабилна личност,“ изјави Мисајловски, додавајќи дека голем дел од касарните и имотите на Армијата биле пренесени на општините, што дополнително го комплицира прашањето за евентуално враќање на задолжителната воена служба.

Министерот додаде дека е важно да се разгледаат сите безбедносни предизвици и можности пред да се започне ваква иницијатива, но потенцира дека во овој момент, Владата не планира да го воведе задолжителниот воен рок.

Слични содржини