Миша Бартон уценувана со секс лента

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Британската актерка Миша Бартон стана уште една ѕвезда, која може да биде понижена јавно со секс снимка.

Таа свика прес-конференција, на која соопшти дека некој се обидува да ѝпродаде нејзин клип со еротска содржина.

Ѕвездата од “Округот Оринџ” ги собра новинарите под изговор дека сака да помогне и на други жени кои се во нејзината ситуација.

“Сакам да ги заштитам од болката и понижувањето низ кои морав да поминам. Ниту една жена не треба да го преживува тоа. Многу е тешко, но се радувам што конечно се залагам за себе “, изјави 31-годишната русокоса.

Нејзината адвокатка Лиза Блум додаде дека кадрите во филмот се направени меѓу 2016 и 2017 година, но не е јасно кој бил партнер на Миша и дали е познат. Блум беше категорична дека ќе го гонат и судат секој кој е вмешан во ширењето на “злобна порнографија”.