Мишел: ЕУ е подготвена да учествува во обезбедувањето безбедносни гаранции за Украина

од Stefanija Kuzmanovska
182 прегледи

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел изјави денеска, пред почетокот на вториот ден од самитот на НАТО во Вилнус, дека Европската унија ја поддржува мировната формула предложена од украинскиот претседател Володимир Зеленски и е подготвена да учествува во меѓународните напори за обезбедување безбедносни гаранции за Украина.

„Исклучително е важно колку што можеме заедно да ја поддржуваме Украина. Имаме одлична соработка со НАТО и ЕУ. Подготвени сме да обезбедиме безбедносни гаранции за Украина и да учествуваме во сите овие напори“, нагласи Мишел, пренесува „Укринформ“.

Тој додаде дека мировната формула предложена од Зеленски, врз основа на Повелбата на ОН, се заснова на правдата и рече дека нема простор за неказнивост за руските злосторства во Украина.

Слични содржини