Мишел Фајфер воодушевува со својот изглед и во седмата деценија (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
305 прегледи

Легендарната актерка Мишел Фајфер на 65 години ги воодушеви сите обожаватели, кога папараците неодамна ја уловија во опуштено издание без тронка шминка.

Мишел Фајфер ретко се појавува во јавноста, а неодамна сите ги остави без здив кога на црвениот тепих се појави во тесен црн фустан кој ги истакна нејзините заносни облини во седмата деценија од животот.

Почнала да се занимава со глума кога имала дваесетина години, а иако пред речиси 30 години била на врвот на кариерата, оваа холивудска убавица изгледа не се променила многу од нејзините помлади денови.

Публиката ја освои со улогата на Жената мачка во филмот „Бетмен се враќа“ од 1992 година, а зад себе има три номинации за Оскар и е запаметена по класиката „Опасни мисли“.

Мишел не подлегна на шармот на пластичните операции како повеќето нејзини колешки, што ја воодушевува публиката! Актерката ретко дава интервјуа и гостува во емисии, а прави исклучок кога тоа го бара продуцентот.

Слични содржини