186
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој денеска пристигна во Украина изјави дека историјата нема да ги заборави „воените злосторства што беа извршени овде“.
„Не може да има мир без правда“, напиша Мишел на Твитер, каде што објави и фотографии за време на неговата посета на Бородјанка, во близина на Буча.
Според некои западни претставници, руските сили извршиле воени злосторства во Буча, што Москва силно го негира.