Поранешната прва дама на Соединетите Американски Држави, Мишел Обама, конечно откри зошто не присуствувала на инаугурацијата на Доналд Трамп во јануари. Таа рече дека добро постапила и покрај тоа што предизвикала бројни реакции кај тамошната јавност.
Имено, таа изјави дека во основа се убедувала дека нема што да облече.
„Помислив: „Ако не сакам да присуствувам, мора да му кажам на мојот тим. Не сакам ни фустан да имам подготвено, нели?“, рече таа за време на појавувањето на подкастот „Work in Progress“.
Како што е познато, на инаугурацијата на Трамп присуствуваше и нејзиниот сопруг, поранешниот американски претседател Барак Обама. Потоа следеа коментари на оние кои сметаат дека тоа е јасен знак дека нивниот брак е во криза.
„Луѓето не можеа да поверуваат дека реков “не” поради некоја друга причина. Мораа да претпостават дека мојот брак се распаѓа. Направив се за да не го правам она што сите мислат дека е правилно, туку да го правам она што е добро за мене. Тоа ми беше тешко”, рекла таа.
Овој потег го искористила како лекција за „уметноста да се каже „не“ и дека тоа почнала од неодамна да го практикува. Таа смета дека нејзиното отсуство од инаугурацијата на Трамп е идеален пример за младите жени едноставно да вежбаат како да кажат „не“.