Мишел: Поразот на Украина не може да биде опција

од Stefanija Kuzmanovska
250 прегледи

Поразот на Украина во војната против Русија би ги загрозил европските вредности и затоа нема алтернатива за продолжување на европската поддршка за Киев, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во пресрет на втората годишнина од војна во Украина.

„Никој не може да предвиди каква ќе биде внатрешната ситуација во Русија, но јасно е дека ако Украина ја загуби оваа војна, тоа ќе биде огромен ризик за нашите вредности“, изјави Мишел пред група новинари, пренесува „Еуроактив“.

Тој нагласи дека поразот на Украина „не може да биде опција“.

Слични содржини