Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска ја обвини Русија дека ги користи резервите на храна како оружје против земјите во развој и го обвини Кремљ за претстојната глобална криза.
Поради тоа рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, го напушти состанокот на Советот за безбедност.
Мишел му се обратил на рускиот амбасадор на состанокот на Советот, велејќи дека пред неколку недели видел милиони тони жито и пченица заглавени во украинското пристаниште во Одеса, „поради руските воени бродови во Црното Море“.
Тој порача дека нападите на Москва врз транспортната инфраструктура на Украина и објектите за складирање ја спречуваат Украина да произведува жито.
„Ова ги зголемува цените на храната, ги турка луѓето во сиромаштија и дестабилизира цели региони. Русија е единствено одговорна за претстојната криза со храна. Само Русија“, рекол Мишел.
Мишел ја обвини руската армија дека краде жито од областа во Украина.