Мишел: Вакцинацијата низ ЕУ е апсолутен приоритет

од Берта Китинска
339 прегледи

Вакцинацијата низ ЕУ е апсолутен приоритет, но треба да се биде буден, да се продолжи со тестирање и следење на контактите на заразените, рече претседателот на Европскиот совет Чарлс Мишел.

„Забрзувањето на вакцинацијата низ ЕУ е наш апсолутен приоритет“, стои во писмото на Мишел . Мишел наведува дека стапката на инфекција во Европа и појавата на нови позаразни видови на вирусот бараат најголема претпазливост.

„Изгледите за вакцинација се охрабрувачки, но ние мора да останеме будни и да продолжиме да ги тестираме и следиме контактите додека дозволуваме преминување на границите во рамките на ЕУ“, додаде Мишел. Претседателот на Европскиот совет вели дека на виртуелниот самит ќе се дискутира и за сертификатите за вакцинација, нивната соодветност и околностите во кои тие можат да се користат.

Грците бараат „ковид пасоши“

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис предложи воведување на стандардизирани сертификати за вакцинација за да се овозможи непречено патување во рамките на ЕУ. Сепак, ова е многу чувствителна тема која покренува голем број прашања, досега неодговорени. Меѓу другото, сè уште не е утврдено дали вакцинираните лица можат да го пренесат вирусот. Извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, минатата недела изјави дека сè уште нема веродостојни податоци и дека повеќе ќе се знае на почетокот на февруари.

Слични содржини