Мишел за договорот: Најдобар исход

од Vladimir Zorba
229 прегледи

Набргу по објавувањето дека е постигнат трговски договор меѓу Велика Британија и Европската унија, се огласи и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

„Сеопфатен договор со нашиот сосед, пријател и сојузник е најдобриот исход за нашите граѓани и бизниси. Во текот на изминатите години, ЕУ го покажа своето единство и одлучност во преговорите со Велика Британија и ние ќе продолжиме да го зачувуваме истото единство“, рече Мишел.

Тој додаде дека сега е време Европскиот совет и Европскиот парламент да го анализираат договорот постигнат од преговарачите.

Членките на ЕУ мора да ја одобрат привремената примена на договорот, а парламентот ќе одлучи за тоа во јануари, бидејќи нема повеќе време да се стори тоа до крајот на оваа година.

Слични содржини