„Мислев дека е крај“: Џон Траволта шокантно открива како за малку ќе загинел со семејството

од Nikola Popovski
98 прегледи

Актерот Џон Траволта неодамна откри дека трауматично искуство го натерало да ја прифати улогата во филмот „The Shepherd“.

Овој филм ја раскажува приказната за еден млад пилот кој се обидува безбедно да го приземји својот авион откако се случил дефект со електрониката за време на летот.

Целата приказна е слична на она што го доживеал Џон Траволта во 1992 година кога самиот управувал со авион. Како што опиша актерот, тогаш доживеал електричен колапс во авионот, додека со семејството летал над Вашингтон.

„Знаев какво е чувството да се верува апсолутно дека нема излез, дека ќе умреш. Имав два добри млазни мотори, но без инструменти, без струја, ништо. Мислев дека е готово“, рекол тој, пренесе Би-Би-Си.

Траволта додал дека потоа безбедно слетал, што го смета за „апсолутно чудо“.

Слични содржини