Мислите дека најбогатите луѓе во историјата живеат во денешницата!?- за овој човек Бил Гејтс, Карлос Слим и Ворен Бафет се слабаци

од desk3
90 прегледи

Ви го претставуваме Јакоб Фугер – највлијателниот маж на својата епоха (1459 – 1525). Човекот наметна нови методи за водење бизнис, развил финансиските институции, ја создал првата новинска мрежа во Европа. Тој е познато име во Германија, но не и кај нас, ниту во англскиот свет.

225px-Albrecht_Dürer_080

Јакоб Фугер е првиот човек чие богатство изнесува сума од 7 цифри . Тој е најголемиот земјопоседник во Европа, а неговото богатство сочинува речиси 2% од БДП на Европа. Дури Бил Гејтс, Карлос Слим и Ворен Бафет не можат да му се фата и на малиот прст! Богатството на Фугер, по чие време економијата на Европа е во зачнување, се изедначува со 9% од БДП на Германија и 2% од оној на Европа. Ако некој денес поседуваше 2% од БДП на Европа, тој требаше да има 400 милијарди долари. Тоа го претвора Фугер во најбогатиот човек во историјата.

Фугер е роден во 1459 година во семејството на богатите трговци во градот Аугсбург. На крајот на XV. и почетокот на XVI в. прави финансискиот чудо, кога станува познат амбициозниот Фугер, акумулира богатство преку реткиот талент да заработува од високоризични инвестиции, земајќи ги парите потребни за овие инвестиции, од благородниците. Тој не е само посредник или даночник, туку инвестициски менаџер, кој отсекогаш го имал последниот збор.

Фугер прв го воведува билатералното сметководство и тоа му дава можност да се комбинираат резултатите од бројни операции во еден финансиски извештај и да изготви годишен биланс, што му овозможува да ја гледа големата слика на движење на финансии.

Го воведува и обезбедувањето на кредитот: дава пари за концесии на риудници за екстракција на бакар и сребро во Унгарија, станува сопственик на огромни парцели и цели градови, од кои прибира даноци. Тој ги стекнува сите овие добра или за ограничен временски период, или за вечни времиња против огромните кредити кои им ги дава на политички и верски лидери.
Фугер ја создава првата меѓународна банкарска мрежа со многу гранки. Ова му дава невидена предност да прави парични трансфери, без да се расправа со реалното пренесување на пари и имот, и им овозможува на клиентите како Ватикан да добијат пари собрани од епархии од цела Европа, на сметките во Рим. Фугер става крај на таксите за трансфер и ризикот од разбојничка напади, кои не биле ретка појава и го правеле пренесувањето на вредности многу опасно.

Иноваторот, Фугер ја сфаќа цената на информациите и добива белешка под црта и во историјата на новинарството, и ја создава првата во светот новинска мрежа од курири со цел брзо да ги информира клиентите за случувањата на пазарот. Со луѓето од мрежата, кои се насекаде низ западниот свет, тој прв ги дознава вестите уште пред политичарите, кралевите и папата. Ова му дава предност при преговори и договори.

Фугер ја финансира швајцарската гарда на Ватикан. Го поддржува финансиски изборот на Карло V, и го става на престолот на светатаРимска империја.

Фугер ја финансира изградбата на “Св. Петар “во Ватикан. Во замена склучува договор со папата, и ги делат приходите од индулгенциите 50/50. Сепак, ова е последната капка која доведува до кампањата на Мартин Лутер и реформацијата. Лутер е трн во очите на Фугер до крајот на неговиот живот.

Фугер е контроверзна фигура – често прибегнува кон притисок и принуда, за да го добие она што го сака. Но е и остроумен бизнисмен, кој цврсто верува во слободниот пазар на капитал,и го искористува слабостите на своите ривали и од потребите на клиентите. Тој е и филантроп, ги изградил првите во светот социјални станови за сиромашните. Фугер верува дека секој кој работи, без оглед колку е сиромашен, заслужува покрив над главата, па купува земјиште и го изградил “Фугерај” или “соседството на Фугер”. Највпечатливо е дека 500 години подоцна областа е сеуште актуелна, и се финансира од фондација, основана со парите на Фугер. Денес едно од првите места каде се водат туристите во Аугсбург, провинција Баварија, е “Фугерај”.

Фугер почина во 1525 година како најбогатиот и највлијателниот човек во Европа.

Единствениот директен наследник на Фугер е неговата ќерка, која женетиот банкар ја има од љубовницата. Следните генерации од семејството Фугер ја немаат неговата целеустременост и распон, енергија или талент ,ја поделиле компанијата и го поделиле најголемото богатство меѓусебно.