Мислите нашите акцизи се високи? Во Турција Mercedes E 220 d чини 178.000 евра!

од Vladimir Zorba
338 прегледи

За разлика од повеќето европски земји, Македонија сè уште има акцизи за новите автомобили, што значително ги зголемува цените на поскапите и „расипнички“ модели.

Но, дека со нив не поминавме толку лошо, сведочи и примерот од Турција, каде за повеќето купувачи малку полуксузен или помоќен автомобил е неостварен сон поради огромните акцизи. Тие принудуваат некои брендови да ги опремат своите поголеми модели со мали мотори за да влезат во пониските даночни групи.

Најдобар пример за тоа е новиот Mercedes E-class, кој во Турција се продава само со 1,5-литарски бензински мотор, поточно единица од 1496 кубни сантиметри.

Неговото име не е Е 150, туку Е 180. Цената на премиум седанот е околу 59.300 евра, но пред даноци.

Кога на тоа ќе се додаде и посебниот данок на потрошувачка за нови возила со зафатнина на моторот помал од 1,6 литри, кој изнесува 45 отсто од вредноста на возилото и се зголемува во зависност од цената на возилото и ДДВ од 20 отсто, цената на Е-класата со 1,5-литарски со мотор во Турција се искачува на неверојатни 127.235 евра.

Но, и тука не завршува, бидејќи на се треба да се додаде и таксата за регистрација, со што крајната цена на автомобилот се искачува на 4.468.700 турски лири или околу 128.300 евра!

А што добиваат Турците за таа сума? E 180 има благ хибриден бензински мотор од C 180 кој развива 170 КС, а како мала утеха за клиентите, Premium пакетот е стандардна опрема. Автомобилот доаѓа стандардно без ознаката E 180 на задната страна, а се сомневаме дека некој дополнително го нарачува. Автомобил тежок 1.800 килограми забрзува до 100 km/h за 8,9 секунди и достигнува максимални 225 km/h, што и не е толку лошо, но сепак, со оглед на цената.

Како што можете да замислите, Mercedes не е единствениот производител на автомобили што се потпира на мали мотори за Турција. Серијата 5 на BMW, продадена во Турција како 520i, нема 2,0-литарски мотор како глобален модел, туку наместо тоа користи помала единица од 1,6 литри за да избегне да падне во уште поголема даночна група.

Поради непристојно високите акцизи, E 180 е и единствениот бензинец од Е-класа што се нуди во Турција. А кои се акцизите за моделите чиј волумен надминува 1,6 литри? Посебната такса за нив може да биде до 220 отсто од почетната цена на новите возила доколку моторот е поголем од 2,0 литри, што подлежи и на 20 отсто ДДВ и такса за регистрација. Иако волуменот не надминува два литра, новиот 220 d во Турција на пример чини 6.246.900 турски лири или околу 178.000 евра!

Доколку се нуди во Турција, E 450 4Matic веројатно би чинел близу 300.000 евра.

Слични содржини