Пратеникот од редовите на НСДП, Горан Мисовски, денеска, до новиот министер за транспорт и врски, Владо Мисајловски, испрати известување во врска со кривичната пријава која е поднесена на 11 март 2015 година до Основното Јавно Обвинителство Скопје – Република Македонија за поранешниот Министер, Миле Јанакиевски.
Кривичната пријава е поднесена поради злоупотреба на службената положба во врска со предмет којшто се води во Министерството за транспорт и врски на РМ, а за кој се веќе донесени конкретни управни акти кои се однесуваат за катната гаража на паркиралиштето Аутомакедонија и за земјиште во сопственост на РМ, купено од страна на правнто лице Никофон.
-Во дописот барам од Минисерот Мисајловски да го разгледа предметот во целост и да постапи соодветно на законските и подзаконските акти – напиша Мисовски во известувањето.
