Мистеријата сепак продолжува: Монолит се појави во Холандија (видео)

од Nikola Popovski
438 прегледи

Откриен е уште еден метален монолит – овој пат во холандски природен резерват, соопштија тамошните власти.

Откако се појави првиот мистериозен монолит во Јута, САД, на крајот на ноември, другите се појавија во Калифорнија, Романија, на британскиот остров на Вајт и наводно во Колумбија.

Мистериозни монолити ги окупираа насловите ширум светот откако за првпат беше откриен во пустините на американската држава Јута, додека владините службеници во областа броеле овци од хеликоптери.

Иако овој сјаен метален столб од сребро, наскоро исчезнал без трага, само неколку дена подоцна, на 28 ноември, очигледни копии се појавија на планински врв во Калифорнија и на еден рид во Романија.

Но, дури и ова не траеше долго. Четири дена подоцна, романската структура мистериозно исчезна преку ноќ, додека монолитот во Калифорнија беше срушен од разбеснета група христијански теоретичари на заговор, кои возеа пет часа за да го срушат и заменат со крст, за да им „кажат на вонземјаните дека не се добредојдени“.

Во последниве денови, мистеријата продолжува, со уште најмалку два монолита откриени – на британскиот остров Вајт и во холандски природен резерват.

И додека официјалните лица допрва треба да го потврдат нивното постоење, во понеделникот се појавија извештаи за златен монолит кој се појавил во Колумбија.

Во Холандија, локалните медиуми објавија дека не се пронајдени траги околу местото каде што е подигнат монолитот, па затоа е нејасно како структурата стигнала до резерватот Киекенберг, во холандската провинција Фрисланд, на северот на земјата.

Монолитот во Холандија има сребрена површина, а неговата основа е покриена со слој мраз, поради што се претпоставува дека можеби бил таму веќе некое време, објави „Индипендент“.

Слични содржини