Мистеријата стана помистериозна: Чудни ДНК-резултати од езерото на костурите

од desk4
373 прегледи

На Хималаите, на надморска височина од над 2000 метри се наоѓа малото езеро Ропкунд. По изглед би рекле дека тоа е сосема обично место, кое привлекува туристи и научници од целиот свет.

Причината за тоа се стотиците човечки скелети пронајдени на неговото дно, Оттука произлегува и неговото народно име – езерото на костури.

Потеклото на човечките остатоци засега е непознато. Научниците развиле различни хипотези, со кои се претпоставува зошто стотици починати луѓе би биле оставени да почиваат на дно на езеро.

Поради тоа била спроведена ДНК-анализа на остатоците. Резултатите биле зачудувачки, но наместо да ја разрешат, ја продлабочија мистеријата уште повеќе.

Се покажало дека на дното на езерото биле почиваат тела кои припаѓале на различна група на луѓе кои престојувале таму во различни периоди.

Во 2009 година, генетичар од Индија изврши ДНК-анализа на 72 скелети извлечени од дното на езерото.

Неговите претпоставки беа потврдени – многу остатоци, според ДНК-резултатите, потекнуваат од Индија. Но, другите имале ДНК што одговара на Европејците.

Таквиот резултат наложил подлабока студија. Научниците успеале да утврдат геном на ДНК за 38 лица. Потоа тие го споредиле резултатот со геномот на модерните и античките луѓе од целиот свет.

Анализата откри три групи:

22 лица носеле индиска ДНК, но не биле генетски поврзани, односно меѓу нив немаше роднини.

14 биле со ДНК што одговара на жителите на Грција и Крит.

Еден беше од азиско потекло.

Она што најмногу ги изненади генетичарите е фактот дека овие луѓе од различни групи не умреле во исто време.

Повеќето остатоци датираат од 10 век од нашата ера, но имало коски и од 19 век.
Причината за смртта на овие луѓе сè уште не е утврдена.

Слични содржини