Професорот на Универзитетот во Тексас и неговиот тим во Катар имаат математичка теорија за тоа зошто истрагата на исчезнатиот авион Малезија Ерлајнс 370 не даде резултат повеќе од година дена од исчезнувањето. Д-р. Гонг Чен чие истражување за оваа теорија излезе во месечникот на американското математичко здружение, аргументира дека авионот во Индискиот океан паднал со носот кон доле, под аол од 90 степени и при тоа останал целосен додека тонел кон дното, пишува „Бизнис инсајдер“.

Во 1.30 часот на осми март, авионот кој превезуваше 239 патници, исчезна на радарската контрола. Една од најголемите мистерии за летот МХ730 е дека и покрај показателите дека тој паднал некаде на подрачјето на јужниот дел на Индискиот Океан истражувачите никогаш не ги открија деловите на авионот или барем траги на масло кои испливуваат на површината по пад на авион. Чен објаснува дека авионот паднал во морето под друг агол, тоа би предизвикало тупот на авионот да пукне. Во тој случај најверојатно би постоело подрачје на кое би имало остатоци од авионот. Но вертикалното понирање во водата, не би го оштетиле авионот. Можеби би се скршиле крилата, но доколку се тешки тие брзо би потонале на дното во океанот. Остатокот од авионот би завршил исто на дното.

Чен и неговиот тим направиле симулација како би изгледал падот на авионот. Авионот кој влегува во водата под тој агол не би формирал доволно големи бранови, како и падот под некој друг, помал, агол. Големите бранови веројатно би предизвикале поголемо распаѓање на авионот на самата површина на водата. Во другото сценарио кое го рагледувале Чен и неговиот тим, помалиот агол при самиот влез на авионот во водата, би се формирале поголеми бранови и поголем притисок, што би резултирало со распаѓање на трупот на авионот уште при самиот допир со површината на водата. Чен и тимот заклучиле, базирано на различните сценарија кои математички ги истражувале, најверојатно авионот со „носот“ влегол во водата. Доколку авионот под друг агол влетал во водата, истражувачите најверојатно досега би пронашле некои остатоци.