Мистериозни дронови над американски бази

од Milan1
47 прегледи

Мистериозни дронови биле забележани над три американски воздухопловни бази во Обединетото Кралство, во периодот од средата до петокот. Воздухопловните сили на САД објавија дека „мали летечки системи“ биле забелажани над базите Лакенхит и Мајлденхол во регионот Сафолк, како и над базата Фелтвел во соседниот регион Норфолк.

Во соопштението не се наведува какви мерки биле преземени за заштита од дроновите ниту дали се знае зошто и кој ги испратил над базите. Беспилотните летала биле „од различен тип и димензии“ и било утврдено дека не претставуваат опасност за воените лица во базата, за луѓето во околните населби и за инфраструктурата.

Во базата Мајделхол е распоредено крило за долевање гориво, во Лакенхит има флоти борбени авиони „ф-35а“ и „ф-15“, а во Фелтфел е распоредена единица за логистичка поддршка.

Слични содржини