Мистериозно самоубиство во седиштето на Apple

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Пронајден е маж со рана на главата, до него имало оружје

 апле

Телото на 25-годишниот вработен во Apple Едвард Маковиак беше најдено  во седиштето на американската корпорација во градот Купертино во Калифорнија. Според информација на ТАСС, властите утврдиле деа вработениот на Apple се самоубил.Ова го изјави портпаролот на управувањето на шерифот на округот Санта Клара.Телото на мажот е пронајдено утрото во салата за прес-конференции, до него бил пронајден пиштол. Претходно властите официјално изјавија дека вработениот на Apple е идентификуван како Едвард Маковиак. Тој бил на 25 години. Компанијата објави  соопштение во кое се вели дека вработените “се силно ожалостени од трагичната смрт на младиот и талентиран колега”. Apple одби други коментари.