Историјата да се учи низ перцепција. Ова е еден дел од договореното за што Бугарија прогласува успех. Ова е став од страна на членови на историската комисија кој потврди дека ние сме препорачале на ученикот да му бидат претставени различните перцепции од определен настан на таа држава или за одредена личност, изјави денеска на прес-конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Според неа, предлогот на власта е дека постојат различни перцепции, дека не постои една единствена вистина.
-Ова е штетната матрица низ која се водат преговорите со Бугарија на сметка на македонскиот национален идентитет. Ова е начинот на кој власта ги урива преговарачките процеси, го става македонскиот народ во подредена положба со цел да се согласи за работи кои ќе задираат во македонскиот јазик и историја, изјави Митева од седиштето на партијата.