Митева: Наместо учебници, MOН скрпи скрипти и привремени материјали

од Берта Китинска
116 прегледи

Во исчекување на новите учебници кои Министерството за образование и наука ги најави за крајот на октомври или почетокот на ноември, за ученциите од прво, второ, четврто и петто одделение, од ВМРО-ДПМНЕ обвинија за МОН потрошило за привремени материјали 32.581.158 денари или 530.000€.

-Половина милион евра се плаќаат таканаречени скрипти, кои ќе служат еднократно. Се покрива неспособноста на власта навреме да се обезбедат учебници, и се создава простор за профит на поединци. Министерството за образование и наука објавува конкурс преку педагошка служба. Согласно концепцијата за дигитализација, за прво и четврто одделение беа предвидени дигитални учебници кои не успеаја да ги дигитализираат, па ги повлекоа. Согласно податоците со кои располагаме ги повикале истите автори годинава, кои се јавиле на конкурс и истите тие книги, што требаше да бидат дигитални, ги поделиле во делови и така ги направиле привремените материјали за учење за прво и четврто одделение. За второ и петто одделение ги повикале истите автори, тука додале неколку нови и тие по наставните програми подготвувале учебници. Од овие учебници кои пак најверојатно уште се преведуваат и не се финални, сепак од нив биле искористени делови за да се подготват привремените материјали за да имаат барем нешто спремно за први септември, објави денеска Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, тоа значи дека децата ќе учат од материјали, кои власта успеала да ги скрпи пред самиот почеток на учебната година, затоа што со години ништо не превземаат.