Митева не ја коментира објавата на сопругата на пејачот Андреј од „ДНК“: Во овој момент не би си дозволила, пред се како човек, да коментирам изјава на било кој што изгубил свој близок

од Milan1
1,K прегледи

Портпаролката на Владата Марија Митева денеска на прес-конференција рече дека нема да коментира изјави на лица кои изгубиле некој близок во трагедијата во Кочани откако сопругата на пејачот на групата „ДНК“, Андреј Ѓорѓиески, кој загина во несреќата, Наталија Ѓорѓиески во објава на социјалните мрежи замоли надлежните органи да извршат детален увид за целиот настан додавајќи дека приотехниката не била донесена од страна на бендот.

– Во овој момент не би си дозволила, пред се како човек, да коментирам изјава на било кој што изгубил свој близок во оваа трагедија, рече Митева.

Сопругата на трагично загинатиот Андреј од ДНК објави дека е лажна веста дека бендот ја донел пиротехниката во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според Наталија Ѓоргиеска, во текот на вчерашниот ден членови на криминалистичка служба го барале нејзиниот сопруг.

-Во текот на вчерашниот ден, по потрага на својот сопруг Андреја Ѓорѓиески, да го најдам во некоја од болниците, на домашна адреса не посетила криминалистичката служба која без објаснување го барала мојот сопруг, во присуство на нашето дете. Истата служба ме побара телефонски во неколку наврати со НАЈНЕХУМАН однос да дадам информација каде е мојот сопруг со цел да даде изјава за настанот, за што истото прашање го упатив кон нив, истакна Наталија.

Сопругата на Андреј е децидна дека бендот не ги донел прскалките во дискотеката поради кои настана пожарот.

-Во овој тежок момент за сите нас, ЈАВНО ги замолувам институциите и медиумите да ја почитуваат пред се, нашата приватност. Лажни објави дека мојот сопруг е на домашно лекување и дека пиротехниката е донесена од страна на бендот, ве молам, НЕ ШТИТЕТЕ НЕКОЈ КОЈ ТРЕБА ДА Е ПОЗАДИ РЕШЕТКИ! Како сопруга и мајка на малолетно дете, покажете малку сочувство, а така и за поблиското семејство и пријателите…, порача Наталија.

Слични содржини