266
Долго време наназад предупредувавме дека реформите во образованието се погрешни и несправедливи во пракса. Исто така, предупредувавме дека реформите немаат за цел подобрување на образовниот процес, напротив станува збор за задоволување на туѓи потреби, соопшти на прес Драгана Митева од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во наставните програми за I и IV одделение преку темата мојата држава се предвидува учениците да градат некаков идентитет на граѓанин. Тенденцијата е јасна, да се сруши односот спрема нашата држава Република Македонија. Нема план за развој, нема долгорочна стратегија за образованието. Напротив, на сила се спроведува реформа која оди директно на штета на образовниот процес и воопшто на штета на државата“, смета Митева.