285
„Никаде го нема тунелот под Кале, продолжението на бул. „Илинден“, мостовите, зип-лајн, реконструкција на езерото Треска и уште многу други капитални инвестиции кои беа ветени, но затоа драги скопјани имаме 260 клупи од тропско дрво вредни 123.000 евра“, вели денеска портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
„Денес ќе зборувам за јавна набавка на 260 клупи во вредност од 7.623.200 денари или 123 илјади евра. Единечната цена по клупа изнесува 29.320 денари или речиси 500 евра по клупа. Повторувам, Шилегов набавува дрвена клупа по цели 500 евра“, псоочува таа.